Европскиот шампион Баерн Минхен, вечерва го победи освојувачот на Лига Европа, Севилја во Суперкупот на УЕФА со 2:1 по продолженија.

Шпанците го отворија резултатот со голот од пенал на Лукас Окампос во 13. минута. До паузата, тимот од Минхен постигна изедначувачки погодок преку Леон Горецка (34. минута).

Победничкиот гол за Баварците е дело на Хави Мартинез во 104. минута.

Баерн го освои Суперкупот на УЕФА по втор пат во историјата, првпат тоа се случи во 2013 година.


Администратор
25/09/2020 03:14