Масимилијано Алегри може да стане нов тренер на Рома, објави „Кориере дело Спорт“.

Управата на клубот од италијанскиот главен град е незадоволна од учинокот на Римјаните минатата сезона, во која Рома го зазедоа само петтото место.

Во моментов тренер на Рома е португалскиот фудбалски стручњак Пауло Фонсека.

Според изворот, платата на 53-годишниот Алегри може да биде 10 милиони евра годишно.

Алегри беше отпуштен како кормилар на Јувентус минатото лето. Тој е подготвен да ја прифати селекторската функција во репрезентацијата, но неговиот приоритет останува да работи во клуб. Претходно беше објавено дека Алегри може да го предводи Интер во случај на заминување на Антонио Конте.


Администратор
24/09/2020 16:21