Стационарот за вдомување кучиња скитници со кој ќе раководи новото ЈП „Лајка“, според нашите проценки, се очекува официјално да биде отворен наредната недела, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој истакна дека утре е контролата од Агенцијата за храна и ветеринарсто, од каде, како што рече, очекуваат да го добијат документот за „Лајка“ да почне со работа.

– И халата каде што требаше да се спроведе струјата е завршена. Јас мислам дека ќе се создават услови за вдомување на кучињата, но да не прејудицираме. Агенцијата храна и ветеринарство нека си ја заврши својата работа. После тоа, очекувам да биде позитивно мислењето, да може да функционира, рече Шилегов

Инаку досега, особено во периодот пред изборите, во јавноста Шилегов неколку пати најавуваше дека овој стационар ќе проработи.


Администратор
24/09/2020 15:45