Движењето на екологисти денеска од Кавадарци се огласи со реакција по излеаното рудно јаловиште во Каменичка Река, на 14 овој месец.
-Каменичка река е притока на реката Брегалница, а таа пак на територија на општина Градско се влева во реката Вардар, која е дел од екосистемот на општините Градско, Неготино, Демир Капија и Гевгелија . Ете толкава е штетата од излевањето на јаловиштето која не е од краток и брзо минлив карактер, туку долг период ќе е присутна , со посебен акцент на општините кои се напојуваат од бунарска вода . Затоа треба да има соодветни реакции од надлежните инспектори и институции, кога станува збор за овие големи еколошки проблеми-хаварии, велат претседателот Никола Миленкоски и потпретседателот Роберто Паризов.
Тие нагласуваат дека како републичко движење и понатаму будно ќе ги следат еколошките жешки точки, кои ќе се појавуваат на територија на целата држава.