Денеска врие по одлуката на Владата да ги врати хронично болните, родителите и оние од продолжено породилно на работа. За лекарите е целосно нелогична одлука.
- Нелогично е тоа што децата ќе седат дома и нема да одат во училиште а хронично болните ќе одат на работа, изјави за Алфа микробиологот Никола Пановски.
И самохраните родители се нервозни:
-Ако еден од оние кои ја донесоа одлуката и кои вака им пресудија на родителите…и ако успее да биде на две места во исто време – нека се пријави да му честитаме и да не научи како треба да се поделиш физички и да бидеш на две места, вели Дороти Пачкова од здружението на самохрани мајки „Една може!“.
Мајките на продолжено породилно боледување најавија протест во четврток пред Влада.