Од првиот ден од мојот избор во Собранието, но и претходно цел сум на произведување на многу лажни вести и голема пропаганда со една единствена цел да се внесе раздор меѓу колациските партнери, ДУИ и СДСМ. Ова го изјави на денешната прес-конференција првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби.

Одговарајќи на новинарско прашање дали имало инцидент меѓу него и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, Груби потсети дека е задолжен за политичката кохезија во Владата, меѓу ДУИ и СДСМ.

– Сите тие лажни вести ја имаат таа цел, да внесат недоверба и раздор меѓу нашите коалициски партнери. Но, нема да успеат во тоа затоа што всушност функционираме одлично, како една Влада за сите наши граѓани, нагласи Груби.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груби рече дека имал средба со Насер Зибери и додаде оти тој ќе биде дел од интелектуалците кои ќе помогнат на новото министерство и смета дека може да даде голем придонес.


Администратор
13/09/2020 15:09