Во малите и селски средини родителите се против онлајн настава оти сметаат дека физичкото присуство е незаменливо.

Тие дури се и подготвени да си направат сопствен план и програма како во новата учебна година со одење на училиште. Директорка во основно училиште вели дека каков и да биде исходот, децата заслужуваат квалитетно образование.

-Физичкото присуство на децата е незаменливо, но нивното здравје е уште побитно. Ние даваме се од себе за да можеме на учениците да им обезбедиме квалитетна настава во било која варијанта.

Наставата мора да продолжи, историјата памети многу тешко периоди со пандемии и со војни па децата се образувале, вели за Алфа Анита Ангеловска, директор на ООУ „Кирил и Методиј“, Стајковци.

Според владините протоколи учениците од прво до трето одделение ќе учат во три смени, училиштата ќе бидат отворени од 7 часот наутро до 20 часот, а помеѓу смените ќе мора да има пауза за чистење и дезинфекција. Влезот за родителите ќе биде забранет. Децата ќе треба да носат заштитни маски и секој да си носи свој оброк. Родителите ќе мора секој ден пред настава во училиште на децата да им ја мерат телесната температура. Сепак конечна одлука за стартот и типот на наставата не е формално - правно донесена.