На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19.