Жител на градот Ред Хил, Квинсленд, Австралија, доби џекпот благодарение на комбинацијата што семејството ја игра повеќе од 50 години.

Џекпотот чини над 700.000 австралиски долари. Среќникот го купил лозот за извлекувањето од понеделникот, 17 август. Ги внел вообичаените лото-бројки и за првпат во 50 години, ги погоди.

– Тоа се некои од датите на раѓање на луѓето од моето семејство и други броеви, вели среќниот добитник. Не кажа како би ги потрошил парите.

Претходно, жител на градот Рокхемптон, исто во сојузната држава Квинсленд, добил награда од над 300.000 австралиски долари, а притоа ги впишал броевите со кои 40 години учествувал на таа лотарија.


Администратор
24/08/2020 21:03