Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје ја објави книгата „Подемот и падот на кинеските династии“ од Ма Сиаодонг, во превод од англиски јазик на Љубица Стефановска.

Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ приказни. Поточно, „Подемот и падот на кинеските династии“ ја раскажува историјата на Кина од легендарните три кралства и пет царства до падот на династијата Ќинг.

Како што соопшти „Македоника литера“, со овие приказни за кинеските кралеви и цареви и за подемите и падовите на династиите во Кина, книгата е особено погодна за читателите кои се интересираат да добијат општи познавања за кинеската култура и историја.


Администратор
14/08/2020 13:04