Министeрот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска се сретна со заменик – шефот на мисијата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Доминик Отвеј.

На средбата, соопшти МВР, се разговараше за соработката во голем број области од заемен интерес.

Истовремено соговорниците разговараа и за улогата на МВР во спроведувањето на парламентарните избори во државава и огромниот придонес во спроведувањето мирни избори без поголеми инциденти. Воедно се посочија и активностите кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија на Ковид – 19, како и останати предизвици од безбедносен карактер.

Од страна на Отвеј уште еднаш беше искажана поддршка за нашата земја во делот на успешно спроведување на владеење на правото и беше изразена надеж за побрзо формирање на стабилна влада што би гарантирала просперитет, брз економски развој и подобар живот за граѓаните, стои во соопштението од МВР.


Администратор
13/08/2020 15:41