Градот Скопје ги известува граѓаните дека:

1. Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 15.08.2020 (сабота) и 16.08.2020 (недела), во раните утрински часови.

2. Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 17.08.2020 (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21.08.2020 (петок), во период од 21.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

3. Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19.08.2020 (среда), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.


Администратор
12/08/2020 16:32