Мотодефиле и симулациска вежба на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист организираат денеска во Скопје Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, Мотоциклистичката федерација и Црвен крст – Скопје.

Мотодефилето ќе почне во 10:20 часот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ и завршува кај порта „Македонија“ во 11:00 часот.

Организаторите информират дека настанот се реализира како дел од „Летна кампања 2020“ и има за цел подигање на свеста за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот.


Администратор
11/08/2020 11:10