За да се запре ширењето на коронавирусот во Франција, маската отсега ќе биде потребно да се носи и во градските центри, на пазарите или на зелените површини, како парковите, јави дописникот на МИА од Париз.

Првпат беше задолжително да се носи маска на сите јавни места, на 20 јули. И сега таа обврска се прошири на многу градски центри. Ова најмногу, со оглед на тоа што Министерството за здравство препорачува да се носи маска на главните прометни улици, каде што не може да се почитува социјалното растојание, по што повеќе градови ја преземаат својата одговорност со што се наложи носење на маска.

Повеќе од 60 општини во Мајен, департман каде што вирусот активно циркулира веќе неколку недели, воведоа обврска за носење маска. И таа е радикална. Маската мора да се носи на сите места во градот, како што се Лавал, Мајен, Шанже или Лувиње и може да се извади само дома.

Брест, Бајон, Нанси, Стразбур, Ле Тукет, Валенсиен, Кан, Ница, Орлеанс … И уште многу други градови бараат носење маска, или насекаде и во кое било време (што е поретко, како во Мајен), или во дефинирани делови, како што се туристички делови и пазари и во одредени периоди.

На пример, во Марсеј се однесува на три зони. Исто е и во Рен, каде е задолжителна во центарот на градот и на пазарите на отворено. Турс и Ница го направија задолжително носењето на маска од 10 до 1 часот по полноќ на одредени места, Лил, во пешачки области, трговски центри, пазарите и зелените површини, во Тулуз е слично како и во Амиен.

Во Париз, сепак, ситуацијата сè уште не е јасна. Префектурата, на барање на градоначалничката Ан Хидалго, пред неколку дена објави дека маската ќе стане задолжителна во дел од градот. Од 4 август, списокот на овие места сè уште се подготвува и треба да биде објавен „на почетокот на неделава“.

Во Корзика, носењето маска станува задолжително од оваа сабота во туристичките области на големите градови, како Ајачио, Порто-Векио, Сартен, Портичио, Бастија, Калви, Л’Иле-Рус, Сен Флорент, Алерија или Корте.

Исто како и за затворените јавни места, казната за непочитување на носење маска на отворено е 135 евра. Во случај на повторен прекршок, тогаш може да се искачи на 1.500 евра. Во екстремен случај, оној на тројно повторување, ќе бидат потребни 3.750 евра парична казна и шест месеци затвор.

Така, околу 1.400 општини ја наметнаа досега оваа обврска за носење маска. Пред неколку месеци генералниот директор за здравство Жером Саломон уверуваше преку радио и телевизија дека нема полза од носењето на маската на улица. Но, во меѓувреме нештата се променија и Оливие Веран, министерот за здравство, потсети дека маската е корисна кога не може да се почитува социјалното растојание, како на пазарите, галериите за купување или главните туристички улици. Оттогаш, таа стана задолжителна.


Администратор
09/08/2020 03:09