Мексиканската држава Оахака забрани продажба на брза храна и слатки пијалаци на деца во обид да се намали широко распространетата дебелина и дијабетесот.

Оахака е прва држава што ја презеде оваа мерка во Мексико, каде има една од највисоките стапки на детска дебелина во светот, јави Би-Би-Си. За прекршување на овој закон е предвидена казна и можно затворање на компанијата, како и затвор.

Овој потег уследи откако бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Мексико достигна 50.000, што го прави трет по големина во светот по САД и Бразил.


Администратор
06/08/2020 19:16