Откако во албанските медиуми се објави информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пред финализирање на ново парламентарно мнозинство и Влада, со реакција во дел од медиумите излегоа и од актуелната владеачка партија.
-Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.
Од таму додаваат дека во следните денови претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев.