Штипјанец излекуван од корона вирусот по извесно време повторно се заразил. Тој е на 46-годишна возраст и сега се наоѓа на Инфективното одделение во Штип.

Директорот на штипската клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев, вели дека првиот пат вирусот му бил потврден пред повеќе од месец и половина, а вториот пат при тестирање во текот на оваа недела.

Епидемилолзите се уште истражуваат дали штипјанецот повторно бил заразен од вирусот или се работи за продолжена инфекција.

Вкупно на инфективното одделение се лекуваат 45 пациенти од кои 34 се со потврден тест на коронавирус, останатите се сомнителни, со симптоми.


Администратор
06/08/2020 02:01