Англискиот вицешампион Манчестер Сити и официјално потпиша со дефанзивецот Нејтан Аке, се пофалија од клубот.

Холандскиот дефанзивец пристигнува од Борнемут за сума од 41 милион фунти.

Дваесет и пет-годишниот централен дефанзивец ги помина лекарските прегледи порано денес, по што потпиша петгодишен договор со тимот од „Етихад“.

Аке стана втор нов додаток на Сити во текот на летото по пристигнувањето на крилниот играч Феран Торес од Валенсија.


Администратор
06/08/2020 00:04