Поранешниот потпретседател на САД и кандидат на Демократската партија на престојните претседателски избори Џо Бајден соопшти дека планира да потроши 280 милиони американски долари за неговата изборна кампања.

Тој истакна дека кампањата ќе се одвива во 15 американски сојузни држави, вклучително и Мичиген, Висконсин, Пенсилванија, Аризона и Џорџија.

Додека 60 милиони долари ќе бидат потрошени за кампања на интернет.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 3 ноември, а противкандидат на Бајден е Доналд Трамп.


Администратор
05/08/2020 19:16