Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен смета дека ништо не може да го спречи Луис Хамилтон да стане шампион во Формула 1 во 2020 година.

– Може ли некој да му застане на патот на Хамилтон да стане шампион? Не. Мерцедес има премногу предност. Се обидувам да се борам, но сега е невозможно. Ако само сонувате да се фатите со Мерцедес, тоа нема да се оствари. Ние мора да продолжиме да работиме, изјави Верстапен.

По четири трки во сезоната 2020, Хамилтон е лидер во поредокот со 30 бода предност во однос на најблискиот прогонувач и клупски колега, Валтери Ботас. Верстапен е на третото место и е 36 бода зад Хамилтон.


Администратор
05/08/2020 18:07