Излезе од печат книгата „Исчезнати селски населби и села со промените имиња во Полог забележани во кралските повелби во 14 и 15 век, поправен и дополнителен прилог кон изданието од 2009 година“ на авторот Илија Петрушевски. Авторот овозможи јавен пристап до книгата преку електронско издание на интернет.

Дополнувањето на изданието доаѓа по новите сознанија за изчезнатите села десетина години по првото издани, објаснува авторот.

-Податоците се земени од „Виргинската повелба 1257-58“, „Душановата повелба за Хтетовкиот и Трескавечкиот манастир 1334-45“ година како и “Душановите повелби за Хиландарскиот манастир и Призренскиот манастир Св. Архангел Михаил од 1348 година“. При првото разоктривање на локациите каде се наоѓале исчезнатите села појдовна точка беа топонимите кои кај некои села фактички се совпаѓаа со името на исчезнатото село. Во текот на 2019 и 2020 се навратив на овој проблем, но само за исчезнатите села анализирајќи ги повелбите како и дополнително „Бревното за Хтетовскиот Манастир“ со што дојдов до нови сознанија. Затоа е подготвен и овој дополнителен прилог кон првото издание од 2009 година. Новите податоци се добиени од теренски истаржувања споредено со податоците од повелбите, објаснува Илија Петрушевски.

Како исчезнати села авторот ги истакнува Лесковјане, Точил, Храштани, Млачице, Мел, Велгошт и Крајмирово Селиште и други.


Администратор
04/08/2020 17:23