Ватерполо федерацијата на Грција соопшти дека петмина членови на националниот тим биле заразени со коронавирус.

Затоа, до понатамошно известување, сите активности на машката и женската селекција беа откажани.

Како што се наведува, сите заразени се во самоизолација, додека другите играчи утре повторно ќе бидат тестирани.

Грција требаше да биде еден од учесниците во ХЕП-купот во Хрватска на крајот на август, а покрај домаќините, на тој турнир ќе учествуваат и Црна Гора и Италија.


Администратор
04/08/2020 00:04