Во Кичево денеска има три нови лица заразени со Ковид-19 и седум лица кои се оздравени, а едно лице почина.

Според податоците од Министерството за здраство во Кичево, вкупниот број на заразени со Ковид-19 достигна 160, од кои 97 се активни, 55 се излекувани и осум лица се починати.

-Денеска кај нас се забележани три новозаболени лица , од кои сите три се лекуваат во домашни услови и под надзор на нивните матичени лекари. Нивната општа здраствена состојба е стабилна , се разбира сите се во изолација , седум лица за среќа успеаја да ја добијат битката со вирусот. Од друга страна денеска за жал имаме едно лице – пациентка на возраст од 41 година која ја загуби битката со вирусот, истакна Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.


Администратор
01/08/2020 16:41