Превентивните активности насочени кон мотоциклистите во Куманово во овој период се одржуваат во поинакви услови поради пандемијата, но не запираат, истакнуваат надлежните од отсекот за превенција од СВР Куманово.

Надлежните велат дека останува работата на терен, се делат летоци во кои се посочува оти многу важно е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот. Меѓутоа, поради пандемијата скратени се сообраќајните поуки и активностите со ученици.

– Меѓу акциите кои се спроведуваат се и оние кои се организираат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и општинскиот совет за безбедност во Куманово. Меѓу нив и кампањата и акцијата која трае до петти август и на која можат да се пријават млади од 16 до 18 години за онлајн настава. Петнаесет од нив ќе добијат бесплатна обука во автошкола за полагање на АМ категорија, додека на петмина ќе им биде платено полагање на возачкиот испит за АМ категорија, изјави Виолета Богдановска, од СВР Куманово.

Акцијата се состои од два дела теоретска настава (online) и полагање на тест за познавање на сообраќајните правила и прописи. Учесниците кои ќе се пријават за учество во акцијата ќе добијат и соодветни материјали за учење. Пријавените кандидати ќе добијат дополнителни информации за начинот и времето за следење на online наставата и тестирањето.

Ваучерите се со времетраење од една година односно ваучерите треба да се искористат до 31 август 2021 година.


Администратор
01/08/2020 16:02