Во Кенија вчера се регистрирани 723 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка надмина 20.000, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата, во Кенија 20.636 луѓе се разболеле, а најмалку 341 лица починале, пренесува Си-Ен-Ен.

Кенија се подготвува да го отвори меѓународниот сообраќај.

За странските туристи ќе биде задолжителен негативен тест не постар од 96 часа и карантин од 14 дена, освен за патниците кои доаѓаат од земји за кои Кенија смета дека се со низок ризик во врска со епидемијата на Ковид 19.


Администратор
01/08/2020 15:47