Општина Градско неделава почна со реализација на проектот за модернизирање на туристичкиот комплекс езеро „Подлес” со поставување на шест бетонски скари покрај постоечките летниковци на Подлешкото езеро.

Градоначалникот Роберт Бешовски информира дека следува втората фаза со поставување на 10 соларни ламби, кои ќе им овозможат на туристите и сите посетители и месното население да уживаат во чистиот воздух и во вечерните часови и три контејнери поставени меѓу летниковците за поголема заштита на животната средина,

Тој најави и поставување на мапи за планинарските водичи и за учесниците на планинарскиот марш Сирково-Клепа, како и набавка на црево за водоснабдување во селото Грнчиште.

– Целта е преку овој проект за модернизација на овој комплекс да ги привлечеме домашните и странските туристи покрај вештачкото езеро „Подлес“, потенцира Бешовски.

Општина Градско како дел од ЛАГ (Локална Акциона Група) ВАРДАР ЛЕАДЕР – Градско го имплементира овој проект со сопствени и средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година од АФПЗРР – подобрување на условите на жителите во руралните средини, и развој на руралниот туризам.


Администратор
30/07/2020 22:01