Во Белград, Ниш, Зрењанин, Чачак и други градови во Србија продолжуваат протести. Граѓаните од Нови Сад за вечерва најавија доаѓање во Белград.

Шести ден по ред граѓаните на Србија излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од состојбата во земјата, но и поради начинот на кој државата се справува со новиот коронавирус.

Вечерашните протести засега се мирни без судири со полицијата.

И вчерашните протести беа мирни, со исклучок во Белград, кога при крајот дојде до помал инцидент, а приведени се 42 осомничени лица поради учество во немирите и нападите врз новинарите.


Администратор
13/07/2020 01:25