Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола поднесе кривична пријава против З.И.(45) од с.Горно Крушје, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, казниво по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска информираа дека на 28.06.2020 околу 16.40 часот пријавениот креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ од кој, на официјален „Фејсбук“ профил на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма во Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставени бомби кои ќе се активираат кога ќе пристигнат пред фабриката, заедно со вработените во агенцијата.

После неколку минути, истата порака ја поставил на „Фејсбук“ профилот на агенцијата. Слични пораки со заканувачка содржина, од лажно креирани профили, пријавениот повеќе пати им испраќал и на одговорни лица во фирмата каде претходно работел, а во знак на револт за добиениот отказ.


Администратор
11/07/2020 02:34