Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Сопиште и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во период од 08:30 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. „Божидар Аџија" бр. 25, Општина Кисела Вода.

Во период од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улиците 3 , 5 ,7 и 9 во село Сопиште, Општина Сопиште.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од ул. „Љубица Георгиева", Општина Карпош.


Администратор
09/07/2020 22:03