ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со инвестициите во своите капацитети со цел подобрување и унапредување на работните процеси согласно европските стандарди. На овој начин ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува услови за исполнување на сите работни процеси кои се директно поврзани со дејноста на претпријатието, а се однесуваат на потребите на граѓаните на град Скопје. ЈП Водовод и канализација - Скопје поставувајќи стандарди на работа во согласност со европските регулативи и директиви прераснува во јавно претпријатие кое го достигнува нивото на претпријатијата од истиот домен во европски рамки.

Имено, Секторот за санитарна контрола, во рамки на ЈП Водовод и канализација, согласно инвестиционата програма ја реализираше првата фаза од ревитализацијата на микробиолошкиот оддел.

За целите на ревитализација на микробиолошкиот оддел се монтираше микроскоп со дигитална камера ( слика 1) кој може констатациите од страна на аналитичарот напревени при испитување на подлогите да ги регистрира дигитално, меморира или како документ за консултација да ги испрати во мрежа со помош на рачунарот кој е составен дел од апаратот. Со ова се документира работата во микробиолошкиот оддел и истата станува комплетно транспарентна. Во оваа фаза беше опфатена и ревитализација на водоблокот или производството на лабораториска вода и вода за потребите на работа на автоклавите, се инсталираше систем со контрола за дејонизација која се состои од катјонска, анјонска и колона со мешана јонска маса со зголемен капацитет така што се произведува вода за сите сегашни и идни потреби на лабораториите за микробиологија. (Слика 2) Истиот има кондуктометриска контрола за исправно користење на инсталацијата и нејзино соодветно одржување. Старите и дотрајани автоклави се заменети со нови. Истите комплетно ги покриваат потребите на одделот за микробиологија. На овој начин се заокружи и комплетира фазата на ревитализација на класичните и инструменталните методи кои се применуваат во одделот за микробиологија согласно стандардот ИСО 17025 и се направија подлоги за прием на нова генерација на аналитичка опрема во микробиологијата.

Ова е само уште еден доказ дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација - Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно, транспарентно и во согласност со сите европски стандарди, регулативи и директиви.


Администратор
03/07/2020 12:26