Во северен Ирак е пронајдена масовна гробница, во која се верува дека се закопани телата на повеќе од стотина лица, кои најверојатно биле убиени од припадници на Исламската држава во Ирак и Левант (ИД).

Гробницата била пронајдена во понеделникот во селото Хамејдат, западно од Мосул, шест години откако ИД го самопрогласи калифатот, што се протегаше од источна Сирија до северен и западен Ирак.

-Форензичарите почнаа истрага, но епидемијата на коронавирусот ги запре ископувањата, изјавија официјални лица во Мосул за американските медиуми.

Идентификацијата на телата не е почната, но се претпоставува дека станува збор за шиитски осуденици кои биле извадени од локалниот затвор од страна на припадниците на ИД и убиени набрзо откако го зазеле Мосул во јуни 2014 година.

Припадниците на ИД се претпоставува дека убиле до 600 затвореници, претежно шиити, додаваат западните агенции.


Администратор
03/07/2020 11:15