На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.