Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар, информираат од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.