Зоран Заев на земјоделците се сеќава од избори на избори. Народот уште ги памети лажните ветувања за загарантиран откуп на земјоделските производи, новите пазари за извоз и интервентниот фонд кој требаше да ги обесштетува земјоделците во услови на природни непогоди или проблеми со откупните цени.

Тоа што го вети Заев, како и за многу други работи, така и за земјоделците го заборави. Јаболкарите, тутунарите, сливарите, млекарите, производителите на праски и речиси сите земјоделци во овие три години имаа проблеми и го фрлаа своето производство по буништата и депониите. Кога се побунија за нивниот труд Заев им испрати оклопни возила да ги разбиваат нивните протести.

Затоа народот знае дека Заев е лицемерен. Ветува а ништо не прави. Кога можеше да спроведува земјоделски политики, тој штитеше криминал, корупција, и беше дел од рекетарските мрежи во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува конкретна помош на земјоделците. За 4 години предвидени се 640 милиони евра субвенции и 80 милиони евра инвестиции во водоснабдувањето. Дополнително се предвидуваат 20 илјади евра поддршка за набавка на машини и опрема на младиот земјоделец. Овие и уште десетици други конкретни проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе значат поддршка на земјоделецот, за да знае дека во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има партнер на кого може секогаш да се потпре.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
02/07/2020 15:23