Музејот на современата уметност – Скопје од денеска до 23 јули годинава почнува со онлајн филмска програма „Што е филм? Попис 2.0“, во чии рамки ќе се споделат линкови до веќе слободни филмови, два пати неделно и тоа секој четврток и понеделник.

Изборот на филмови, Музејот ќе ги поставува на своите профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм и на својата веб-страница.

„Што е филм? Попис 2.0“ е дел од програмата на филм и видео на МСУ-Скопје. Програмата е поддржана од Министерството за култура. Кураторка на програмата е Кумјана Новакова, а визуелниот идентитет и графички дизајн е на Илиана Петрушевска.

Двапати неделно ќе бидат емитувани филмови и сродни уметнички форми на различни теми, кои се отворени и достапни преку интернет ширум светот. Денешна препорака на програмата е филмот „Јас не сум твојот Црнец“ на Раул Пек од 2016 година, филм номиниран за Оскар во категоријата на документарен филм во 2017 година.

– Признавајќи го недостигот на знаење за комплексностите на црните животи, би сакале да ја отфрлиме идејата за борбата како статистика и да придонесеме во големата политичка промена, која ги претвори метричките податоци во нешто похумано, поживописно, повеќе лично“, велат од Музејот.


Администратор
02/07/2020 13:18