По неколкумесечна стагнација која беше предизвикана поради КОВИД-19, денеска во Хрватска почнува со снимање филмот „Таја носеше црлена шамија“ („Nosila je rubac črleni“), хрватско-македонска копродукција, во режија на Горан Дукиќ.

Филмот е во продукција на Швенк од Хрватска, а македонски копродуцент е Вертиго Вижуал. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

Приказната, по сценарио на Сандра Антолиќ, го следи семоќниот и сезнајниот наратор Исус Христос, не помалку сезнајната тетка Анка и љубопитната прасица Беба, кои се главните ликови на оваа романтична рурална комедија со пеење, сместена во питомото Загорје во воените 1990-ти. Со ситниот вез на слатко-горки заплети доминираат драмата на првата свинска љубов во време на воздушна тревога и дефектот на една фризерска хауба насред полузавршена фризура.

Агенцијата за филм даде Предлог-протокол за снимање филмови во услови на КОВИД-19 до Комисијата за заразни болести, за кој се чека одобрување.


Администратор
01/07/2020 00:34