Доаѓајќи наваму малку разговаравме со граѓаните. Ги прашав што очекувате, тие ми одговорија 120 илјади разлика, а јас очекувам најмалку 150 и сум сигурен дека ќе ја направиме, порача потпретседателот и носител на листа на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, од средбата со граѓани во Валандово.

Тој појасни дека кога се договаше нов датум за предвремените парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ настапуваше со единствен услов, да се донесат здравствени протоколи кои ќе овозможат безбедни услови за граѓани, имајќи ја предвид пандемијата со корона вирусот.

Николоски истакна дека тие протоколи се донесоа и секој кој ќе излезе да гласа и кој ќе ги почитува протоколите, на нему нема да му биде загрозено здравјето и затоа повика на масовна, референдумска излезеност на изборите на 15 јули.

– Кога разговаравме за нов датум за избори со останатите политички партии, беше да договориме здравствени протоколи кои што ќе значат сигурно гласање за сите кои што ќе излезат на гласање. И тоа успеавме да го добиеме и успеавме да го договориме. Тоа значи дека секој еден кој што ќе излезе на гласање на 15 јули, доколку ги почитува здравствените протоколи, може да е сигурен дека здравјето ќе му биде зачувано и заштитено. Затоа ве повикувам на масовна, на огромна, на референдумска излезност на 15 јули, рече Николоски и додаде дека само така можеме да ги пратиме Заев и СДСМ на црните страници на македонската историја, која веќе ќе треба да се пишува.

Тој порача дека целта на СДСМ и Зоран Заев, граѓаните да останат дома и да бидат со свиткана кичма, додека пак целта на ВМРО-ДПМНЕ Македонија да има горди и со исправена кичма Македонци. Николоски додаде дека токму поради ова потребна е што поголема излезеност на престојните избори.

– Нивната цел е да останете дома. Нашата желба и нашата молба е да излезете во најголем можен број на гласање. Повикајтеги роднините, пријателите, комшиите, познаниците, сите кои што ги познавате. На 15 јули да излеземе масовно на гласање. Тие сакаат да сте со свиткана кичма, а ние сакаме да бидете горди Македонци. Тоа е разликата меѓу нас и нив, додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Валандово.


Администратор
30/06/2020 01:54