Во Штип денеска се одбележа 107 годишнината од Брегалничката битка, кај месност „Каленица“. На одбележувањето присуствуваа, амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Општина штип, Благој Бочварски.

–Денес светот е во една поразлична борба, исправени сме пред голем здравствен предизвик кој е тест на нашето однесување.Оваа пандемија или вирус не бираат вери, нација или религија, па затоа нашата сплотеност е клучот за победа. Овие битки во кои многу наши сограѓани го изгубиле животот за слободата, треба да не учат за да не се повторуваат, вели Бочварски.

Амбасадорката Томиќ која по 11 години на позицијата амбасадор во нашата држава заминува во пензија истакна огромна благодарност за соработката и добриот прием. Брегалничката битка која се случила во 1913 година во близина на Ежово поле ја воделе српски и бугарски војници. Во месноста Каленица има поставено споменик за паднатите српски војници.

–Ќе продолжиме да сораборуваме и да градиме добрососедски односи, заеднички да чекориме кон нашата стремеж, а тоа е членството во ЕУ, рече Томиќ.