Вкупно 153 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар”, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Во периодот од 22 јуни до 28 јуни, како што соопштува ПОЦ, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 72 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.


Администратор
29/06/2020 14:10