Африканските лидери изјавија дека Кина ќе обезбеди 30 милиони комплети за тестирање и 10.000 респиратори секој месец за да се запре ширењето на новиот коронавирус на африканскиот континент.

Испораката од Кина е обезбедена откако африканските лидери заеднички преговараа за пониски цени за неопходната медицинсканска опрема.

Африканскиот Центар за контрола и превенција на заразните болести соопшти дека секоја држава ќе добие опрема спред квотата што е заснована на бројот на заразени според бројот на жители.

Во Африка досега се тестирани три милиони луѓе, а планирано е да се тестрираат 13 милиони лица.


Администратор
14/06/2020 12:23