На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се девет, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат четири пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 54 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19, посочуваат од Министерството за здравство.