Гордана Силјановска-Давкова: „Ја држиме ситуацијата под контрола” не кореспондира со хаотичните мерки! Време е за оставки!

Коментирајќи ги обвинувањата на здравствените власти дека граѓаните најмногу се виновни поради новиот бран на коронавирус кој се појави во Македонија, Професорката Гордана Силјановска- Давкова вели дека колективна одговорност не може да се бара туку дека виновниците имаат име и презиме.

- Не e виновен народот.

Виновниците секогаш имаат име и презиме.

Виновни се тие кои предлагаат карантин, а всушност предлагаат мерки кои доведоа до евакуација. Небаре не очекува некој ураган, со точно најавено време на удар, најчесто за викенди.

Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Потребно е сите заедно да престанеме со сопствената колективна деструктивност и одговорноста да ја лоцираме таму кај што треба.

“Ја држиме ситуацијата под контрола” не кореспондира со хаотичните мерки, водени од калкулантство и политиканство.

Доста “танцуваа”! Време е за оставки!

И, што вели нашиот д-р. Проф. емеритус З.З.? Избори на 5ти јули мора да има?, вели Силјановска.


Администратор
06/06/2020 01:24