Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ тврди дека никогаш не извршил притисок врз Обвинителството и оти целиот негов кабинет е посветен на борбата против новиот коронавирус.

– Сакаме да ја охрабриме борбата против корупцијата. И Јавното обвинителство и полицијата работат без чие било мешање, потврди Пленковиќ.

Тој нагласи дека Владата разрешила некои државни службеници, со што, според него, јасно покажале дека не сакаат да бидат вмешани во одделни акти, кои го нарушуваат угледот на Владата.

– Ова го зборувам без каква било идеја за притисок врз тела. Но, треба да се утврди кој е одговорен за тоа, додаде Пленковиќ.

Обвинителството претходно денеска го предупреди Пленковиќ да го почитува законот и да не врши притисок врз правосудството. Повод за тоа била неговата неодамнешна изјава дека полицијата и Обвинителството треба малку да ја „прочешлаат“ опозициската СДП.


Администратор
04/06/2020 16:53