Околу 56 играни филмови ќе се појават во киносалите во наредните месеци со логото на Кан 2020- Официјална селекција, јави дописникот на МИА.

Канскиот филмски фестивал не се одржа, да живее Канскиот филмски фестивал! Десет дена по датумот на кој требаше да се додели Златната палма за своето 73-то издание, фестивалот воведува иновации. Неговиот директор, Тиер Фремо, уште на почетокот на здравствената криза не се откажа од одржувањето на фестивалот, но не сакаше ниту фестивал на „попуст“, па ниту дигитална верзија со проекции на мали екрани. Тој постојано инсистираше на важноста да се понуди видливост на филмовите што требаше да се најадат на фестивалот. Комисијата за селекција доби 2067 филмови оваа година, што претставува рекорд.

Со развојот на кризата со Ковид-19, се роди идејата за логото „Кан 2020“, која 56 филмови ќе можат да ја искористат со сите предности за време на нивната експлоатација.

Некои од филмовите се очекуваа на овој или друг начин во Кан, и не претставува изненадување што тие се најдоа во оваа виртуелна селекција. Комплетната листа на филмови што ја добија етикетата „Кан 2020 – офицјална селекција“ можат да се најдат на следниов линк.https://www.festival-cannes.com/fr/infos-communiques/communique/articles/les-films-de-la-selection-officielle-2020.


Администратор
04/06/2020 15:20