Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при своето јавување на вестите на Канал 5 посочи дека неодговорноста на оваа власт може да ја доведе државата во непријатна здравствена состојба, а за тоа говорат и самите бројки од новозаболени деновиве. Потпретседателот Николоски апелираше власта да се посвети на решавање на проблеми, а не создавање на нови проблеми кои не одат во прилог на Република Македонија.

„ Десетици и десетици нови болни и за жал луѓе кои што ја губат битката со корона вирусот мислам дека е недопустливо“, нагласи Николоски.

Николоски се осврна и на изборите при што посочи дека избори во момент кога Македонија се соочува со ваква пандемија која не е видена ниту во светот не треба да има, треба да се почека, бидејќи на прво место секогаш треба да се граѓаните и нивното здравје.

„Македонија за жал потфрла, и не мора со Европа и со светот да се спореди, еве со регионот само да ја споредиме и гледаме колку потфрла. Резултат за жал е ова потфрлање, а причината е брзањето кон избори, затоа што Заев се надева со брзи избори ќе има помал пораз“, појасни Николоски.

Николоски образложи дека во вакви услови не треба да се влезе во кампања. За пример ја посочи предвремената кампања на СДСМ каде што во моментов според одредени информации има околу 200 лица од УЈП се во самоизолација, поради тоа што директорката е заболена од корона вирусот. И преку 80-тина од врвот на СДСМ се во самоизолација. И од тоа може да се постават и добри политички прашања како на пример, дел од луѓето кои што се во самоизолација се луѓе кои по опис на своите работни задачи не смеат да бидат во партиска функција како на што е директор на финансиска полиција или директор на агенција за разузнавање.


Администратор
03/06/2020 00:54