Власта вечерва ги корегираше бројките на новозаразени од коронавирусот во Македонија. Како 67 станаа 76 ново заболени. Тоа се човечки животи, а не бројки.

Дали власта ги фингира бројките и со јавноста споделува фингирани извештаи за бројот на заболени во државата, со задни намери и остварување на политички цели?

Дали намерно се дозира бројот на заболени со цел да создадат привидна состојба на контрола над ситуацијата и да се затскрие фијаското кое Владата на СДСМ го доживува во борбата со заразата? Нема да не изненади ако се потврдат некои шпекулации дека власта крие новозаболени и ги дозира со цел да не се добие впечаток дека нема услови ни на 5-ти јули да се одржат избори и да се исполнат инструкциите на Зоран Заев за да се креира лабава атмосфера на новото нормално.

Срамно е со една таква леснотија да се споделуваат вакви сензитивни информации со јавноста, заборавајќи дека станува збор за човечки животи, судбини, стравови и сериозни предизвици со кои се соочуваат македонските граѓани.

СДСМ уште од првиот момент на ширење на епидемијата се занимава со политика наместо со заштита на здравјето на граѓаните. За власта политичката кариера на неколкумина е поважна од животите на македонските граѓани. Народот гледа, народот гласа, народот казнува, а најголемата казна следува на следните избори кои ќе стават крај на криминалната политичка кариера на Зоран Заев.


Администратор
03/06/2020 00:54