При контрола на угостителски објекти, во тетовско Доброште е утврдено работење на локал подолго од дозволено, соопшти денеска СВР Тетово. Во содејство со Државен пазарен инспeкторат биле контролирани вкупно 58 угостителски објекти во изминатото деноноќие на тетоското подрачје.

-Во овој период за неносење заштитни маски на вкупно 84 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба, што предвидува глоба од 20 евра, информира СВР Тетово.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (1/2.06), нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 128 лица, додека вкупно биле контролирани 230 лица со такви решенија. Исто така, изјави за самоизолација потпишале вкупно 20 лица (ТЕ), а контролирани биле 50 лица со потпишани изјави за самоизолација.


Администратор
02/06/2020 17:09