Денес човештвото се соочува со светска криза поради ширењето на Коронавирусот и ова е историска прилика, каде што секој од нас мора да се обиде да даде придонес потпирајќи се на сопствените способности од својата област и да пронајде решение за овој проблем. Во овој исклучителен период, бројни пронаоѓачи изнаоѓаат нови технологии и пронајдоци врзани за КОВИД 19, и тоа може многу јасно да се види во повеќе држави.

За да им оддаде признание на овие поединечни пронаоѓачи (физички лица), но и иновативните компании, универзитети и научно-истражувачки центри, кои пронајдоа конкретни решенија за борбата против ширењето на Ковид 19, IFIA организира натпревар против овој вирус, наречен „Inventions VS Corona“.

Учеството на овој натпревар е бесплатно, а за победниците се обезбедени бројни награди. Освен тоа, проектите ќе ја добијат потребната подршка за пласман на глобалниот пазар, со подршка од светската мрежа на IFIA.

Понатаму, бидејќи IFIA е единствената меѓународна организација која официјално има добиено грант од Обединетите Нации во врска со подршката на иновациите, пронаоѓачите и иноваторите, пронаоѓачите ќе имаат директна корист од подршката и средствата во рамките на овој натпревар против Коронавирусот.

IFIA ги повикува пронаоѓачите, иноваторите и истражувачите од целиот свет да се вклучат во овој он-лајн натпревар.

Натпреварот почнува на 15 мај. Пријавите се примаат до 15 јуни, а објавата на резултатите ќе биде на 1. јули 2020 год.

Пријавата за натпреварот и информации побарајте на следниов линк: http://www.istanbul-inventions.org/en/41346/