Според здравствениот билтен во последните 24 часа во Република Македонија беа регистрирани 89 нови позитивни случаи на коронавирус.

Тестирани се вкупно 727 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 89 нови позитивни случаи од 9 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (39,3%) и Штип (30,3%), информираа од Министерството за здравство.

Од вкупниот број на тестирани, 312 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица (Скопје и Прилеп), а регистрирани се 3 позитивни случаи во домови за стари лица, еден вработен здравствен работник и два штитеници.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 17 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 7 смртни случаи, од Скопје, Куманово, Тетово и Струга (Табела 1). Случаите се на возраст од 44-83 години, сите со присутни симптоми. Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале. Само еден случај нема регистрирани коморбидитети и истиот имал контакт со потврден случај. Починатите се без историја на патување.

Според официјалните податоци пак на осум земји од регионот, во последните 24 часа, вкупно во сите земји биле регистрирани 45 позитивни случаи и 7 смртни случаеви.

Србија - 18 новозаразени, 1 починат

Грција - 1 новозаразен, 4 починати

Босна и Херцеговина - 14 новозаразени, 1 починат

Бугарија - 6 новозаразени, 0 починати

Хрватска - 0 новозаразени, 0 починати

Словенија - 0 новозаразени, 1 починат

Албанија - 6 новозаразени, 0 починати

Црна Гора - 0 новозаразени, 0 починати


Администратор
02/06/2020 04:17