Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција посочи дека иако силината на коронавирусот е ослабната, имаме високи бројки на асимптоматски случаи на Ковид-19, што, според него, укажува дека мерките за заштита не биле почитувани.

По изборите, додаде лидерот на СДСМ, Владата мора да се посвети на економијата.

Заев посочи дека во врвот на СДСМ до денеска се потврдени двајца позитивни на Ковид-19, а утринава е тестиран и премиерот Оливер Спасовски.

Како што пренесоа дел од медиумите се работи за потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири и Директорката на УЈП Сања Лукаревска.